Најчоколадниот колач со банани

Пред печење не заборавајте да го намрсите калапот, а потоа и да го поросите со брашно, затоа што во спротивно тестото ќе се залепи.

0
483

Состојки:

3 банани
3/4 шолја кафеав шеќер

1/2 шолја сок од јаболка

1 лажичка екстракт од ванила

1 јајце

1 шолја брашно

1/2 шолја какао
1 лажичка сода бикарбона

Сол

1 пакување чоколадни капки

Приготвување:

Загрејте ја печката на 170 °C. Намрсете и со брашно наросете го калапот за печење. Измешајте ги бананите со миксер. Помешајте ги со сок од јаболка и шеќер, додадете ги екстрактот од ванила и јајцето. Помешајте ги брашното, какаото, содата и солта. Додадете ги во три наврати во смесата со банани. На крај помешајте ги чоколадните капки. Печете 45 – 50 минути.