Најдобар избор на грицки за вашата линија и за вашето здравје

0
482

Ако паметно ги одбирате грицките, го намалувате и внесувањето на шеќери и сол кои ѝ штетат на вашата линија, но и на здравјето.

Еве што друго можете да јадете како меѓуоброк доколку внимавате на килограмите, но и на своето здравје:

Житно-овошните енергетски плочки се одличен избор како десерт или меѓуоброк.

Кога ќе ви дојде желба за чипс, посегнете по оној од кељ, јаболка, моркови и слично. Знаеме дека вкусот не е ист, но мислете на своето здравје и на линијата.

Ако имате желба за солени грицки, ваш избор нека бидат пржените бадеми или кикирики во лушпа.

Дали веќе сте пробале лижалки од овошје и чоколадо? Изблендирајте овошје по ваша желба, ставете ја смесата во калапи, ставете им стапче во средината и замрзнете ги, а по желба натопете ги прво во темно чоколадо.

Сушеното, па дури и кандираното овошје е подобар избор од гумените и од тврдите бомбони.

Наместо обично, бирајте темно чоколадо или она со сушено и јаткасто овошје.