Наједноставен колач од јогурт

Во потрага по наједноставни колачи, најдовме феноменален брз рецепт за колач со јогурт.

0
506

Постојат рецепти кои постојано ги вртиме затоа што се брзи, едноставни и со малку состојки. Ова е еден од тие рецепти за кои ви се потребни само јогурт, брашно, јајца, масло, прашок за пециво и зачини.

Состојки:

1 ипол шолја (вкупно 300 мл) јогурт

2 јајца

¼ шолја кафеав шеќер

2 ипол шолји брашно (од 200 мл)

½ шолја маслиново масло

Прстофат сол

2 лажички прашок за пециво

Прстофат сода бикарбона

По желба лажичка екстракт од ванила и лажичка рум

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 180 степени и намрсете го калапот или ставете хартија за печење.

Измешајте ги во еден сад јогуртот, јајцата, шеќерот, маслото и екстрактот од ванила или рум.

Во друг сад измешајте ги брашното, прашокот за пециво, содата и солта и додадете се во првата смеса постојано мешајќи со миксер.

Ставете ја смесата цво калапот и печете 30 до 35 минути.

Послужете го со павлака или прелијте го со сируп од лимон.