Најлесните и најефикасни природни лекови за холестерол

Сок од домати, лук, магдонос и маслиново масло, целер и лимон, свеж квасец, сок од лимон и лажичка мед,... има навистина голем број природни лекови со кои можете успешно, лесно и брзо да си го намалите холестеролот

0
1882

Со оглед на тоа дека живееме во ова стресно време, често на многумина може да им се случи, поради стрес или поради премногу мрсна и нездрава храна, маснотиите во крвта (холестеролот) да ни скокнат над дозволените граници.

Некои приврзаници на природниот начин на лекување велат дека границите на дозволено ниво на холестерол во крвта постојано се намалуваат, а тоа им оди од рака на фармацевтските компании.

Затоа, тие предлагаат пред да се посегне по лекови (статини), прво да се исцрпат сите природни лекови со чија помош можете да го доведете холестеролот во нормала.

Меѓу најпопуларните е лекот од 3 лимони, 30 чешниња лук и 1 литар вода.

Добро измијте ги лимоните со оцет и сода бикарбона (доколку немате органски лимони). Исчистете го лукот и се заедно ставете во блендер.

Во тенџере ставете вода да проврие, а потоа додадете ја смесата од лимон и лук и почекајте заедно да провријат. Тргнете го од оган и оставете да стои најмалку 12 часа на ладно.

Се добро исцедете низ газа и ставете ја течноста во стаклено шише. Чувајте го затворено во фрижидер. Секој ден пред јадење пијте по 0,3 дцл лек па направете пауза од 20 дена па повторете ја дозата. Лекувањето трае 6 месеци.

Доколку не можете да го поднесете мирисот на лукот или пак околината не може да ве поднесе вас, пробајте со некој друг природен лек. На пример, земете 3 суви смокви и 2 дцл јаболков оцет (по можност домашен). Избоцкајте ги смоквите со чепкалка за заби и ставете ги во чаша со 2 дцл јаболков оцет. Нека стојат така цела ноќ а наутро изедете ги смоквите на празен стомак. Остатокот од оцетот не го фрлајте туку во истото ставете 3 смокви и следната ноќ. Тие 2 дцл оцет користете ги 7 дена, а осмиот ден земете нови 2 дцл оцет и повторете ја постапката уште една недела. Лекувањето трае 14 дена, а доколку сакате да ослабнете користете го и подолго.

За намалување на холестеролот се препорачува и корен од ѓумбир. Изрендајте едно парче корен од ѓумбир во тегличка со мед и земајте пред секој оброк по една лажица.

Како лек за холестерол се користи и циметот, повторно во комбинација со мед. Две лажици мед и три лажички цимет ставете во 4 дцл од некој чај и пијте го напитокот 3 пати на ден.Набрзо ќе ви се намали нивото на холестерол, благодарение на лековитото дејство на циметот кое е засилено со медот.

Каранфилчето е исто така познато како лек кој по природен пат го намалува нивото на холестеролот во крвта. Потребно е да ставите 5 грама каранфилчиња во шише со 2 литри вода, затворете го и оставете да стои 2-3 дена во фрижидер. Пијте секое утро на празен стомак по 1 дцл од овој напиток.

И сусамот е познат како природен лек за холестерол. Имено, семето од сусам содржи висока концентрација фитостероли, кои се слични по хемиската структура на холестеролот. Фитостеролите го снижуваат нивото на холестерол во крвта. Со редовно консумирање на сусам можете ефикасно да го намалите холестеролот во крвта.

И лененото семе е познато како лек против холестерол. Може да се користи во комбинација со јогурт (или мед) како смелено или како цело семе. Снижувајќи го нивото на холестеролот во крвта, лененото семе спречува создавање на плак на ѕидовите од крвните садови со што се подобрува општата циркулација и се спречуваат срцевите болести.

Летово ќе има изобилие од домати, па можете од нив да си направите уште еден природен лек против холестерол. Помешајте 1 дцл со од домати, лажица лук во прав, лажица исечкан магдонос и лажица маслиново масло. Консумирајте наутро на празен стомак во текот на пет дена.

За брзо снижување на холестеролот во крвта може да ви послужи и обична овесна каша во која ќе додадете рендано јаболко, но и лекот од целер и лимон.

Излупете и изрендајте 4 корени од целер и исечкајте на коцки 6 лимони заедно со кората (се разбира, најдобро е да се органски или добро измиени со сода и алкохолен оцет). Помешајте ги целерот и лимонот и оддадете 1 литар вода. Оставете да стои 24 часа, добро изгмечете и исцедете преку газа. Консумирајте по една мала чашка пред секој оброк. Чувајте ја напивката во фрижидер.

Еднаш месечно, наутро, на празен стомак, напијте се мешавина од пола свеж квасец, сок од 1 лимон и лажичка мед. Сите состојки измешајте ги додека да се соединат и испијте ја смесата.