На саемот во Рамстор вкусивме: мармалад од диви шипки, сушен вргањ, ликер од ореви,…

Домашен ајвар и природен мед, печурки, слатко од диви смокви, крекери од хељда и сончоглед, се до најразлични ликери со додатоци на органско овошје наменети за најразлични проблеми но, како што рече една од производителките, и за опуштање, се само дел од она што можете да го вкусите како автохтон и оригинален македонски производ на саемот „Вкусот на Македонија“ кој се одржува во ТЦ „Рамстор“ од 11 до 13 ноември

0
278
Во рамките на саемот кој денеска отпочна во холот на ТЦ „Рамстор“ можете да вкусите различни видови на органска и традиционална храна. Повеќето од производите на саемот не се редовно достапни во главниот град, а станува збор за најразлични производи, од зачини, чаеви и регионални алкохолни пијалоци, до природна козметика и облека. Саемот се одвива од 11-ти до 13-ти ноември, а влезот е слободен за сите посетители.
Ќе најдете природен мед од најчистите краишта на Македонија, како и најразлични производи на база на мед наменети за најразлични здравствени проблеми – боров сируп, односно, коктел од разни смоли, етерични масла од тревки, печурки и мед кој помага за искашлување, при лекување од бронхитис, бронхопневмонија и астма, природен полен, матичен млеч, но и најразлични домашни ликери кои ги нудат како замена за традиционалното кафе и повод за дружба и муабет, но и за расположение, против болки во стомакот, но и за проблеми со тироидната жлезда и несоницата. Може да најдете и од најубавите македонски зачини, црвен пипер, буковка, оригано, како и еколошка пченица, леќа, грав, ориз, буковка, вргањ,…