Најславниот пекар на светот открива едноставен трик за совршен леб

Познатиот британски пекар и слаткар Пол Холивуд открил рецепт, но и ноза совети за најдобриот домашен леб, кој е доволно крцкав однадвор, а сепак воздушест и мек одвнатре.

0
480

Мирисот на домашниот, тукушто испечен врел леб тешко дека може нешто да го засени, но освен тоа, кога го правите дома сигурни сте во тоа дека нема адитиви и вештачки додатоци.

Сепак, не е секогаш лесно да се најде вистинската мерка и добар рецепт. Затоа, еве го рецептот на Пол Холивуд – со негонема грешка.

За приготвување на овој леб ви требаат само две состојки, со оглед на тоа што сите имаме во кујната во секој момент сол и вода.

Состојки:

500  г полубело пченично брашно

10 г сол

10 г инстант квасец

370 мл ладна вода

Масло

Приготвување:

Земете еден тркалезен сад и две тепсии, од кои едната е малку подлабока.

Помешајте ги брашното, солта и квасецот во еден сад, па додадете во смесата 3/4 од подготвената вода, и повторно лесно измешајте. Кога тестото ќе почне да се формира во топка, додадете го остатокот од водата. Месете го тестото се додека не стане мазно и еластично.

Префрлете го тестото во тркалезниот намрсен сад и покријте го со крпа па почекајте да отстои околу 1 час, додека не се зголеми двојно.

Намрсете ја работната површина, па ставете го на неа тестото и поделете го на 4-5 помали парчиња. Од секое обликувајте мал багет и наредете ги на тепсијата обложена со хартија за печење. Завиткајте ја тепсијата во проѕирна фолија или ставете ја во чиста пластична кеса и оставете го тестото да се крева уште еден час.

Загрејте ја рерната на 220 степени, а на дното од рерната ставете една подлабока тепсија која треба да се грее. Когабагетите ке се кренат, поросете ги со брашно, направетенеколку реза со нож по нивната површина и ставете ги конечно во рерната.

Онаа загреана тепсија од дното на рерната наполнете ја со вода за да испушта пареа додека багетите се печат.

Печете 25 минути, се додека не добијат златна боја. Оладете го лебот на решетка.

Фото: Pixabay