Најчоколадна торта

0
563

Состојки:

4 јајца

5 лажици шеќер

2 кесички ванилин шеќер

2 големи лажици брашно

200 г млечно чоколадо

250 г темно чоколадо

250 г путер

Крем:

400 мл павлака за шлаг

250 г темно чоколадо

Пола шлагфикс

Украсување:

500 мл павлака за шлаг

Приготвување:

  1. За тестото стопете ги на пареа двата вида на чоколадо.
  2. Измешајте ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, а потоа додадете го стопеното чоколадо со путерот и додадете го брашното. Мешајте додека состојките не се соединат.
  3. Ставете ја смесата во намрсен калап и печете околу 40 минути на 160 степени.
  4. Топлиот бисквит полека натопете го со топло млеко. За кремот загрејте ја павлаката за шлаг и во неа стопете го чоколадото.
  5. Изладете во фрижидерот околу 1 час.
  6. Извадете го кремот од фрижидерот и додадете пола шлагфикс и мешајте.
  7. Прелејте го кремот врз изладениот бисквит. Вратете ја тортата во фрижидер, а кога добро ќе се излади украсете ја со изматена павлака за шлаг.