Најпролетниот ручек на шеф Зорица

0
322

Состојки:

Лозови листови

Мелено месо

Ориз

Младо кромитче

Сол, црн пипер

Многу копар

Маслиново масло

Приготвување:

  1. На малку масло се пропржува исечканото кромитче, па се додава месото, се зачинува, се додава оризот, малку вода и се заедно се динста.
  2. Кога филот за сармичките ќе се олади се виткаат сармички и се редат во тенџере во круг, а во празното место во средината се ставаат листовите што ви се скинале или едноставно се вишок. Во текот на печењето тие пуштаат кисел вкус па нема потреба дополнително да ставете лимон. Врз нив се става сад со вода за да се притиснат, се поклопуваат со капак и се варат.
  3. По желба, сармичките може на крајот да се потпечат во рерна и да се направи малку бела запршка, но може и без неа.