Наместо со пари, денеска платете си ги кафето или чајот со стихови

Се што треба да направите за бесплатен напиток е да ја побарате најблиската локација за кафе или чај на интернет-страницата на Џулиус Мејнл и да напишете стихови на темата Подобар ден.

0
165

Веќе традиционално, 21.март е ден за бесплатно кафе или чај и стихови. На овој ден се слави Меѓународниот ден на поезијата на илјадници локации во дел од светот, кадешто можете да го разбудите поетот во себе, да се инспирирате, да напишете и да си го платите својот напиток со стихови.

Глобалниот проект Џулиус Мајнл оваа година отишол чекор понатаму за да докаже дека  поезијата е душа на музиката. Ги обединија силите со наградуваниот кантавтор ЈП Купер, кој ќе осмисли нов музички хит и ќе ја слави поезијата во дел од светот.

Се што треба да направите за бесплатен напиток е да ја побарате најблиската локација за кафе или чај на интернет-страницата на Џулиус Мејнл и да напишете стихови на темата Подобар ден.

„Поезијата не била секогаш достапна, но затоа пак музиката е универзален јазик и има способност да им помогне на луѓето да се поврзат со поезијата на неочекувани начини“, нагласуваат во Џулиус Мејнл по повод Меѓународниот ден на поезијата.

„Плати со поезија“ ќе се одржи во девет локали во Скопје (Лофт, Ревија, Наргиле, Фонтана, Дион, Центар бар, Баду бар, Џуси бар, Сквер21) и во Чао кафе во Велес. Во кампањата се вклучени дваесетина поети кои ќе ги разменуваат своите искуства и мислења со секој кој ја сака поезијата.