Намирници кои често ги јадеме а навистина му штетат на здравјето

Не е баш лесна задача во стресното секојдневје да се внимава на здравата исхрана, но секогаш постојат алтернативи

0
1127

Иако нашите изговори кога станува збор за здрав начин на исхрана, речиси секогаш се дека обврските едноставно не ни го дозволуваат тоа, за нашето здравје е сепак подобро барем да се обидеме да најдеме свежи алтернатици за намирниците кои ни се омилени, но не и здрави. Дури и некои кои важат како здрави, повеќе ни штетат отколку што имаме од нив корист.

Јадење од фритеза

За жал, фритезата ги претвара секојдневните намирници во калориски бомби кои можат да му наштетат на нашето здравје. Во врелото масло се наоѓаат многу трансмасни киселини кои делуваат на покачување на холестеролот во крвта. Со тоа се згоелмува и иризикот од заболување на срцето и крвоносниот систем, како и ризикот од мозочен удар. И тоа не се! Нездравите маснотии го поттикнуваат настанувањето на дијабетес, а се погодно тло и за настанок на карцином.

Не можете без јадења од фритеза? Како би било да си направите чипс? Во рерна, а не во фритеза. Помалку маснотии – повеќе витамини!

Овошни сокови

Повеќето сокови се прават од концентрат од овошје, а не од вистинско овошје. Во некои при пастеризацијата се уништуваат витамините и останатите вредни материи. За жал, и овошниот шеќер е нездрав и штетен како и обичниот. Освен големата количина шеќер, овошните сокови се често вистинска калориска бомба. Погледнете ја налепницата на амбалажата и ако се наведени шеќер, фруктоза, глукоза и други шеќери, подобро не го земајте.

Не можете без сок? Тогаш напијте се ладно цеден сок или самите направете си сок во соковник.

Индустриски преработено месо

Ако малку подобро размислите, ќе видите дека самото име – индустриски преработено – не е баш нешто што може да се врзе за здрава храна. Сите тие производи содржат многу вештачки бои, засилувачи на вкус и конзерванси. Особено се опасни нитратите во месото. При производството настануваат хемиски соединенија, таканаречени нитрозамини, а тие го поттикнуваат настанувањето на ракот. Други лоши појави се заболувањата на цревата, дијабетес тип 2 и заболувања на срцето – кои настануваат при претерана консумација. Освен тоа, колбасите содржат многу маснотии, а тоа не е баш најдобро за нашето здравје.

Не можете без салама? Наместо вештачки преработено месо земете свежо.

Пекарски производи

За жал, вкусните крофни, разни лиснати теста со најразлични полнења, колачи и кроасани – се нездрави. Се состојат од рафинирано бело брашно, многу бел шеќер и трансмасни киселини – комбинација која не може да биде полоша.

Не можете без нив? Како и кај многу други производи, подобра алтернатива се производите кои ќе ги подготвите сами. Значи, искористете го викендот за подготвување на тестенини кои ќе ви траат барем два дена.

Диетални сокови

Ако мислевте дека диеталните газирани сокови се поздрави од „обичните“, тоа не е вистина. Таквите напитоци содржат и сладила и разни други нездрави дополнителни состојки кои лошо делуваат на организмот. На пример, бубрезите мора да работат „сто на саат“, а шеќерот го менува нивото на инсулин па доаѓа до таложење на маснотии во стомакот.

Не можете без сокови? Ако чистата вода ви е премногу здодевна, додадете ѝ малку ѓумбир, нане, малини, итн.

Бел леб

Сите знаеме колку се вкусни меката чијабата или свежиот крцкав багет. За жал, и кај белиот леб проблемот е во рафинираното бело брашно кое не е баш добро за нашето тело. При консумацијата на бело брашно расте нивото на шеќер во крвта, а тоа доведува до зголемено излачување на инсулин. Оние кои јадат премногу пченични производи може да имаат проблеми со варењето, да чувствуваат замор, да имаат проблеми со кожата, да добијат дијабетес или некое заболување на штитната жлезда.

Не можете без леб„Интегрално“ е волшебен збор. Ако не можете да се откажете од лебот, подобро консумирајте интегрален.

Крцкави мусли и мусли-плочки

Изгледаат здраво, но не се. Честопати содржат многу шеќер. Потоа нагло скока нивото на шеќер во крвта, а исто толку брзо и паѓа. Тоа предизвикува замор, слаба концентрација, надуеност, депресија, болести на кожата и дебелеење.

Не можете без нивНаправете си сами мусли-плочка. Едноставно се прави и здрава е.