Напиток за лека ноќ и утро без болки

За овој вкусен напиток ви требаат само две состојки и 1 литар вода. Помешајте ги и испијте го 1 час пред спиење па ќе се разбудите одморни, наспиени и без болки.

0
260

Потребни ви се:

1 банана

1 литар вода

Цимет

Приготвување:

Сварете ја водата, а потоа во неа додадете банана со кора на која сте ѝ ги отсекле врвовите (се разбира, претходно убаво измијте ја со раствор од вода и сода бикарбона).

Оставете да се вари околу 10 минути. Водата исцедете ја и ставете ја во чаша па додадете малку цимет.

Испијте го овој напиток 1 час пред спиење, па изутрина ќе се разбудите полни со енергија.

Фото: Pixabay