Направете нови семејни спомени со овие 5 празнични рецепти

0
581

Оваа година, наместо да се упатите кон пекарниците и слаткарниците, останете дома и испечете ги сами празничните колачи. Тоа е забавно за децата – кој не сака да биде дегустарот на колачи? Освен тоа, сите овие колачи можат да бидат и одлични вкусни подароци направени со љубов што можете да ги споделите со пријателите и семејството.

Еве неколку рецепти кои можете да ги направите заедно со вашите деца во кругот на семејството кои сигурно ќе станат ваши нови омилени празнични колачи кои во иднина ќе ви останат во спомените но и на менито токму како такви, празнични колачи.

Ѓумбир колачи

Еве го наједноставниот рецепт за овие колачи кои за разлика од крцкавата варијанта, се помеки и се топат во уста.

Состојки:

3 Шолји брашно
¾ шолја кафеав шеќер
1 лажица мелен цимет
1 лажица мелен ѓумбир
½ лажичка мелени каранфилчиња
¼ лажичка сол
¾ лажичка прашак за пециво
150 г путер исечен на коцки и малку омекнат
¾ шолја темен мед
1 јајце + 1 жолчка
2 лажици млеко

За украсување:

2 белки
250 г шеќер во прав
Сок од ½ лимон

Приготвување:

Измешајте го брашното со сите зачини и суви состојки, а потоа додадете ги путерот и јајцето и месете со раце или во блендер се додека не добиете ситни трошки без големи грутки путер. Потоа полека додавајте ги медот и млекото и замесете тесто.
Завиткајте го тестото во проѕирна фолија и ставете го во фрижидер на 1 час.
Вклучете ја рерната на 180C, поросете ја работната површина со брашно, расукајте го, поросете со брашно и одозгора за да не ви се лепи и со калапи вадете форми и редете ги врз хартија за печење.
Печете ги околу 10-15 минути.
Изматете ги белките и полека додавајте шеќер во прав и сок од лимон се додека не добиете изедначена смеса со која ќе ги украсите колачите по ваша желба.

Уште едни со ѓумбир,  сендвич колачи со крем

Топлиот, суптилен вкус на ѓумбирот е вистинки класик. За совршен зимски третман, обидете се со овие домашни сендвич колачи со мек и сладок фил.

Состојки:

1/2 шолја млеко

1 лажичка – дестилиран оцет

2 1/4 шолји универзално брашно

1/2 лажичка сол

1 лажичка прашок за пециво

1/4 лажичка – сода бикарбона

1 1/2 лажичка ѓумбир

1 лажичка цимет

1/4 лажичка мелени каранфилчиња

1/2 шолја омекнат путер

1/4 шолја кафеав шеќер

1 големо јајце

За филот:

1/2 шолја омекнат путер

55 г крем сирење, омекнато

2 шолји шеќер во прав

1/2 лажичка ванила

1/4 лажичка цимет

Приготвување:

Загрејте ја рерната на 200 степени и лесно подмачкајте го садот за печење. Во сад или чашапомешајте 1/2 чаша млеко и оцет и оставете ги настрана.

Во среден сад измешајте заедно брашно, сол, прашок за пециво, сода бикарбона, ѓумбир, цимет и каранфилче.

Во голем сад изматете ги заедно путерот и кафеавиот шеќер, па додадете го јајцето.

Помешајте ги сувите и влажните состојки. Додадете  ја мешавината од млеко и оцет.

Земајте од смесата со лажица и редете ги колаите врз хартијата за печење. Оставете 2 сантиметри помеѓу секое. Се печат околу 10-14 минути. Оставете ги колачињата целосно да се оладат.

Подгответе го полнењето мешајќи ги заедно путерот и крем сирењето. Додадете го шеќерот во прав и се мешајте со голема брзина околу 4-5 минути. Додадете ванила и мелен цимет.

Ставајте од филот помеѓу две колачиња додека не ги потрошите сите.

Крофни со мармалад 

Состојки:

1 1/2 шолја универзално брашно, плус 2-3 лажици

1/4 шолја шеќер, плус 1/3 чаша

1/4 лажичка сол

1 инстант квасец

2/3 шолја млако млеко

3 лажици масло

2 жолчки

3/4 лажичка екстракт од ванила

1 шолја мармалад од малини или некој друг

1 1/2 лажици путер, стопен

2 лажици шеќер во прав (по желба)

Приготвување:

Во голем сад помешајте ги брашното, 1/4 шолја шеќер, сол и квасец. Помешајте во 2/3 шолја топло млеко додека не се активира квасецот, а потоа додадете масло, жолчки од јајца и екстракт од ванила. Користејќи миксер мешајте околу 2 минути. Префрлете го тестото врз набрашнета површина. Премесете го тестото, ако е лепливо додадете малку повеќе брашно. Формирајте го тестото во топка, покријте го со проѕирна фолија и оставете го да стасува 10 минути.

Поставете голем лист хартија за печење. Сечете од тестото и редете ги крофните врз хартијата. Покријте ја тавата за печење со крпа и оставете ги на топло место. (На собна температура, процесот на стасување може да потрае до 2 часа.) Крофни ќе бидат подготвени за печење кога ќе имаат речиси двојно поголема големина.

Околу 20 минути пред да стасаат се загрева рерната. Се печат 8-10 минути. Кога ќе се испечат премачкајте ги со стопен путер и извалкајте ги во шеќер. Пополнете ги со мармалад.

Замрзнато „топло“ чоколадо

Изладете го своето топло чоколадо и освежете се.

Состојки:

1/4 шолја какао

2 лажици чоколаден сируп

1 шолја млеко

1шолја коцки за мраз

Приготвување:

Помешајте ги сите состојки во блендер или со миксер. Сервирајте веднаш.

Пудинг од Егног леб

Направете го овој пудинг од вечер за да можат вашите деца кога ќе се разбудат да добијат прекрасен појадок со традиционален празничен вкус.

Состојки:

6 јајца

1½ шолја егног (http://artkujna.mk/praznichen-egnog-video/)

½ шолја млеко

3 лажици кафеав шеќер

1 ½ лажичка морско оревче

1 лажичка рум

12 чаши (околу 22 парчиња) леб во кој ќе додадете 1 лажица цимет и ќе ги исечкате на коцкички

¾ шолја суво грозје

Приготвување:

Измешајте ги јајцата, егног, млеко, кафеав шеќер, морско оревче и рум.

Додадете ги коцките леб, циметот и сувото грозје и нежно промешајте.

Оставете 10 минути за да се апсорбира течноста.

Подмачкајте ја тепсијата па истурете ја смесата и одозгора истурете го остатокот од егногот.

Покријте го садот со проѕирна фолија и оставете ја во фрижидер најмалку 4 часа или преку ноќ.

Загрејте ја рерната.

Ставете ја тепсијата во рерна и печете 45 минути.

Оставете да стои 5 минути и потоа превртете ја тепсијата на послужавник. Послужете со јаворов сируп.

Рецептите се преземени од ТУКА.

Фото: Pixabay