Направете природен лек од само 3 состојки

Во овој период кога секој втор човек е настинат, ви предлагаме најлесен начин да ја победите настинката, а лекот да си го направите дома сами.

0
573

Потребни ви се:

3 лимони

Ѓумбир (во зависност од вкусот, односно, колку можете да поднесете)

300 г мед

Приготвување:

Лимонот добро измијте го, а најдобро е да го направите тоа со помош на сода бикарбона. Уште подобро е ако имате органски лимон.

Изрендајте ја кората, а остатокот ставете го во блендер, но без семките. Испасираниот лимон помешајте го со мед, такашто да добиете густа смеса. Додадете и пасиран ѓумбир (најдобро е да користите помагало за гмечење на лук). Чувајте ја смесата во стаклена тегла и консумирајте по една лажичка на ден.