Научниците откриваат: Кога е здраво да се пие вода, а кога не?

0
1270

Многумина после оброк имаат навика да се напијат вода или сок, особено ако е јадењето солено. Едни велат дека тоа го забавува варењето на хранатам додека пак други, не гледаат разлика.

Противниците на пиење на вода после јадење велат дека на тој начин се разредува киселината во желудникот која е неопходна за правилно разградување на храната и апсорпција на хранливите материи, па целиот процес на варење трае подолго, што може да доведе до различни пречки и до надуеност.

Тие советуваат, доколку баш морате да пиете вода во текот на јадењето, на пример, ако е храната сува, да земете само голтка.

„Ако пиете вода веднаш по јадењето, се вмешувате во природното време неопходно за варење на храната. Препорачувам да не пиете ништо пола час пред и после јадењето. Во тие 30 минути вашиот систем влегува во следната фаза на варење“, објаснила нутриционистката доктор Анџу Суд за порталот food.ndtv.com.

Таа наведува дека некои студии покажале дека е потребо да с енаправи тој размак, затоа што тој помага во апсорпцијата на важните хранливи материи.

„Со консумирањето вода веднаш после јадењето се разредуваат желудочните сокови, вклучувајќи ги и ензимите кои се бирни за варењето. Тоа може да резултира со помало излачување на ензими за варење, што пак може да предизвика кислеини“, додава нутриционистката.

Таа истакнува дека не се согласува со пиењето на вода во текот на оброкот затоа што тоа ја спречува природната апсорпција на хранливи материи по варењето.

Доктор Мајкл Пико од клиниката Мејо не се согласува со тоа.

„Не треба да се грижите дека водата ќе ги разреди желудочните сокови или ќе го попречи варењето. Напротив, водата во текот на оброкот или по него, му помага на процесот за иситнување на храната за да може вашето тело да ги апсорбира хранливите материи. Исто така, водата ја омекнува столицата, што помага за спречување на констипацијата“, вели тој.