Научниците тврдат: најздрава храна е онаа што ви ја бара телото

0
1628

Замислете си ситуација: доаѓате дома од работа гладни, го отварате фрижидерот и ви се јаде колач. Не, си велите себеси, нема да го изедам тој нездрав колач, туку ќе си земам здрава интегрална плочка со лен. Можете да здивнете затоа што научниците велат дека никој не може да одлучи подобро од вас што е здраво за вас, од вас самите.
Во случај кога јадеме нешто што всушност не ни се јаде, се создава чувство на ситост, но не и на задоволство. Науката вели дека апсорбирањето на хранливи материи во значителна мерка зависи од уживањето во консумирањето на храната.
Доколку сте на диета и се храните исклучиво „здраво“, еднолично или со нешто што не ви е вкусно, стручњаците велат дека практично се храните понездраво отколку што би било случај доколку уживате во храната што ја внесувате па макар таа била и нездрава според нутриционистичките критериуми.
Со истражувањето од 1977. година кое сите го превиделе, се дошло до заклучок дека значително повеќе хранливи материи се апсорбираат од храната во која вистински сме уживале.
Податоците биле прибирани врз основа на две групи на испитаници. Едната група ја сочинувале жени од Тајланд, а другата жени од Шведска. Двете групи биле хранети со јужно азиска храна, омилена на жените од Тајланд, но прилично непопуларна кај шведските жени. Жените од Тајланд апсорбирале речиси 50 отсто повеќе хранливи состојки од Швеѓанските, што резултирало со подобра исхрана и здравствени бенефиции од самиот оброк.
Одлучни во намерата да проверат дали навистина задоволството, а не биолошките разлики, имаат влијание врз нутритивната промена, истражувачите го измениле изгледот на истото јадење, го сомлеле во пире. Тајланѓанките мислеле дека изгледа одвратно, и кога го консумирале оброкот составен од речиси идентични состојки како и првиот пат, апсорбирале 70 отсто помалкухранливи материи отколку претходно. Го јаделе истиот оброк но не уживале во него.
Нашиот мозок е моќна машина. Голем дел од системот за варење е контролиранод сигналите што ги испраќа тој. Кога ви се допаѓа храната која ја јадете, мозокот праќа сигнали таа храни да се вари.