Научно е потврдено дека домашната храна е најздрава

Последното научно истражување покажало дека домашната кујна со употреба на здрави намирници е најдобра за зачувување на здравјето на човекот.

0
337

Според водачот на научниот тим од универзитетот во Орегон (OSU) Арипта Тивари, мислењето кое е врежано во јавноста дека подобриот социоекономаки статус и повеќе пари, значат и подобро здравје за луѓето, е погрешно. Имено, последната студија на тој тим потврдила дека здравјето не е поврзано со скапите намирници, туку со оние кои се добро одбрани и се свежо приготвени.

Во извештајот кој ќе биде во целост објавен во списанието „American Journal of Preventive Medicine“ се наведува дека старите баби биле во право кога инсистирале да се практикува вечера во семејна и домашна атмосфера и да се јадат готвени јадења, затоа што последната студија потврдила дека таа пракса е многу подобра за здравјето на човекот отколку праксата на излегување на вечера во ресторани.

Истражувачите ги следеле прехранбените навики на 400 возрасни луѓе од Сиетл и Вашингтон и дошле до заклучок дека почестата консумација на храна од домашната кујна го зголемува индексот на на квалитетот на исхраната и подоброто здравје на луѓето.

Истакнувајќи дека жените кои работат немаат време да готват храна и дека тоа доведува до се поголем процент на луѓе кои купуваат готова храна, Тивари апелирал на властите да ги разгледаат овие факти и да направат реформи кои ќе им овозможат на семејствата да се хранат поздраво, во сопствените кујни.