Не чувајте ништо близу до јаболката!

Поголемиот дел од јужните овошја не би требало да се чуваат во фрижидер, а сите овошја кои ги чуваме заедно со јаболката, побрзо ќе скапат затоа што јаболките произведуваат етилен.

0
371

На која храна не ѝ место во фрижидерот?
Постојано читаме совети за тоа како и каде треба да се чува храната, но не секогаш знаеме зошто.
Поголемиот дел од јужните овошја не би требало да се чуваат во фрижидер, а сите овошја кои ги чуваме заедно со јаболката, побрзо ќе скапат затоа што јаболките произведуваат етилен. Дури и ако го знаевте ова, дали знаете дека таков гас произведуваат и доматите кои во фрижидерот побрзо ја губат и аромата?
Според нутриционистите, тоа не е сѐ.

Авокадата, крушите, смоквите, нектарините, сливите…сите произведуваат етилен.

Фрижидерот е најлошото место за чување на лимоните затоа што и тие таму брзо ја губат својата арома. Најдобро е да се стават во корпа во најладната просторија во куќата за да може помеѓу лимоние да циркулира воздух. А најлошо е да се остават во пластична кеса затоа што тогаш појавата на мувла е загарантирана.
Најчувствителни на студ се модрите патлиџани. И додека со доматите одлично одат во тава, нивната чувствителност на етилен покажува дека треба да се чуваат пдалеку од доматите.

Ако правилно ги чуваме, на температура од 10 до 13 степени, патлиџаните можат да останат свежи максимум 10 дена. Гравот о карфиолот на пример, се многу почувствителни и потребно е брзо да се потрошат. Црвениот грав не би требало да се чува подолго од три дена ладно и суво место. Потоа ќе почне да скапува.

Карфилот трае уште пократко, ден или два.
„Ако се појават црни дамки, тоа е мувла и карфилот повеќе не е за јадење.
Таквата мувла може да содржи и отровни, канцерогени состојки. Не помага ниту ако дамките се отсечат затоа што покрај нив има и такви кои се невидливи за окото.

Морковите можат да бидат во фрижидер, но не во амбалажата во која ги пакуваат во продавниците. Тие можат да стојат во фрижидер, без амабалажа една недела, но оние кои се измисни, исчистени и складирани поединечно, ќе бидат добри и четири недели.

Фото: Pixabey