Не го фрлајте лебот

Ако никој дома не сака да ви го јаде вчерашниот леб, а од тостови ви е преку глава, направете ја оваа „пита“ од стар леб која изгледа, но и има вкус на пица, па така, никој и не мора да знае дека е основата обичен индустриски леб

0
574

Состојки:

стар леб

2 јајца

1 чаша млеко

1 чаша кисело млеко или павлака

сирење

4-5 кришки кашкавал

50 г путер

оригано

Приготвување:

Исечете го лебот на мали коцки и ставете го во огноотпорен сад. Исечкајте парченца путер и расфрлајте ги помеѓу коцките леб.

Во чинија изматете ги јајцата, па додадете ги млекото, киселото млеко и здробено сирење и истурете ја смесата врз лебот. Треба лебот да е целосно натопен во смесата па ако треба добро измешајте. Одозгора наредете го кашкавалот (нека биде пообилно) и поросете со оригано.

Печете додека не се растопи кашкавалот и јадете го додека е топло иако не е лошо ни кога ќе се олади.