Не се сите лекови горчливи

0
236

Во текот на зимата, јаворовите дрва од видот acer saccharum се дупчат и од нив тече сок кој се собира во садови. Потоа оваа течност се вари додека не стане густа како мед, а бојата може да варира од потемна до посветла.

Оваа хранлива намирница е одлична замена за шеќер и вештачки сладила, а е многу поздрава и повкусна. Во многу земји е задолжителен додаток во солените и слатките јадења, а се користи за приготвување на сите деликатеси, разни сирови и печени колачи.

Најголема здравствена предност на јаворовиот сируп е детоксикацијата на организмот затоа што овозможува исфрлање на натрупаните наслаги во цревата. На тој начин помага за елиминација на токсините од телото со што се спречува појавата на разни болести. Генерално го подобрува варењето, го забрзува метаболизмот и придонесува за здравјето на црниот дроб.

Благодарение на големите количини на цинк и манган го јакнат имунитетот и успешно помага во борбата против вирусите и настинките. Со своите противвоспалителни својства се намалува ризикот од кардиоваскуларни болести, Алцхајмер и одделни видови на рак. Дури е докажано и дека јаворовиот сируп во комбинација со сода бикарбона, е многу ефикасна помош во борбата против ракот. Содата е позната по своето антиканцерогено дејство, а јаворовиот сируп помага за пренесување на содата до канцерогените клетки. Тоа е вистинска смртоносна комбинација за карциномот.

Јаворовиот сируп можат да го користат и дијабетичарите затоа што го намалува холестеролот во крвта и позитивно влијае на нивото на шеќер во крвта.

Природниот јаворов сируп се смета за поздрав засладувач дури и од медот, бидејќи содржи помалку калории, помалку натриум, повисока концентрација на минерали, и околу 15 пати повеќе калциум од него.

Најпрво бил произведуван од страна на Индијанците од Северна Америка, а денес се произведува во делови од Америка и Канада, бидејќи Европа нема климатски услови погодни за производство на значајни количини сок од јаворовите дрва.

Јаворовиот сируп содржи значајно количество манган, и само 2 лажици јаворов сируп обезбедуваат околу 22% од потребната дневна количина на овој важен минерал. Тој исто така содржи и цинк, кој освен тоа што дејствува како антиоксиданс, има и други функции што може да го намалат прогресот на атеросклероза и други проблеми со срцето. Овие два минерали се важни сојузници во одржување на имунолошкиот систем.

Најновите истражувања покажале дека јаворовиот сируп содржи полифеноли – јаки антиоксиданси кои се наоѓаат во бобинките и грозјето. Овие полифеноли вклучуваат флавоноиди, за кои се смета дека имаат корисни ефекти врз општото здравје на луѓето, вклучувајќи антибактериски и антидијабетични својства.

Без разлика на нутриентите што ги содржи, имајте на ум дека јаворовиот сируп е сепак  течен шеќер. Неговите главни компоненти се сахароза и вода, со помали износи на едноставните шеќери гликоза и фруктоза. Тој е во најголем дел јаглехидрат, па доколку сте дијабетичар или сте подлежни на ризик за развој на дијабетис, треба да бидете многу внимателни околу тоа колку јаворов сируп конзумирате.

На запад е популарен како прелив за палачинки или во сендвичи со путер од кикирики, но воедно претставува и редовна состојка на разни видови десерти, пудинзи, колачи и торти. Јас го користам и како засладувач во млеко од јатки, на кое што му дава навистина посебен вкус.