Недела на коктели во Скопје

0
437

Во периодот од 18 до 25 октомври, за првпат годинава се одржува Skopje Cocktail Week, настан кој се случува на иницијатива и во организација на Гемак – компанија која 25 години е присутна на пазарот  како ексклузивен партнер на светската компанија Diageo, како застапник на познатите брендови:  Johnnie Walker, Smirnoff, Captain Morgan, Baileys, Bulleit whiskey, CIROC и Zacapa.

Идејата, преку овој „фестивалски“ настан е да им се даде поддршка на локалите да ја креираат својата понуда според високи светски стандарди, а со тоа и да им се овозможи едно поинакво искуство на гостите во локалите за оваа есен/зима сезона.

„Во текот на годината како компанија, организираме голем број на обуки за бармените низ Македонија, па и овој пат преку работилница која ќе се одржи ден пред да започне Skopje Cocktail Week, сакаме да ги информираме и едуцираме сопствениците на локалите и бармените за новитетите во сезоната што следува. Станува збор за избор за коктели кои се соодветни за служење во зимскиот период. Драго ни е што сопствениците и бармените на локалите се се повеќе заинтересирани за нашите обуки и за развој на коктел културата. Во услови на динамичен пазар и голема конкуренција на локали, сопствениците секогаш се трудат да бидат поинакви во поглед на својата понуда. На овој начин ние им даваме поддршка за да успеат во својата намера.„ – изјави Ива Сотировска, раководител на маркетинг секторот во Гемак.

Во рамките на настанот , кој ќе трае од 18 до  25 октомври, ќе бидат опфатени вкупно 13 локали во кои посетителите ќе можат да нарачаат и да пробаат 7 различни коктели креирани само за овој настан. Дополнително, гостите ќе имаат можност да добијат интересни подароци од  промотивниот тим на Skopje Cocktail Week.

Идејата  е настанот да има и свои следни изданија, не само во Скопје, туку и во градовите низ државата.