„Немаме поим кога инспекторите на Мишелин биле кај нас“

0
876

„Многу сме изненадени, возбудени, почестени и мотивирани за понатаму. Исто така, чувствуваме и голема одговорност, како и големи очекувања од нашите гости. Бидејќи е ѕвездичката резултат на нашиот минат труд, рабита и љубов, во новиот, возбудлив период ќе продолжиме по истиот пат“, откриваат за jutarnji.hr Тјитске и Данијел Џекиќ, сопственици на првиот ресторан во Хрватска со Мишелин ѕвезда.

На Тјитске и Данијел Џекиќ, сопственици на ресторанот Монте во Ровињ не им паѓало на ум дека ќе добијат Мишелин ѕвезда.

– Ни се јави Денис Ивошевиќ, директор на Туристичката заедница на Истра и ни кажа дека Мишелин објавил дека сме добиле една ѕвезда. Потоа телефоните не престанаа да ѕвонат. Ви благодарам на сите – изјавила Тјитске Џекиќ.

Помеѓу оние кои им се јавиле да им честитаат, Тјитске го издвојува повикот од Ребека Бур, уредничка на Мишелиновиот водач за Велика Британија и Ирска, која им се јавила и особено ги исфалила затоа што направиле голем исчекор за хрватската гастрономска сцена. Тие се возбудени поради ова, но и свесни дека е сега пред нив голема одговорност затоа што и очекуваењата на гостите ќе бидат поголеми.

Rovinj, 240412. Arhivska fotografija. Restoran Monte koji je smjesten u Rovinju . Na fotografiji interijer restorana Monte. Foto: Srecko Niketic / CROPIX

На прашањето дали можеби ги препознале инспекторите на Мишелин кога го посетиле ресторанот, Тјитске одговорила негативно.

– Истото не праша и Ивошевиќ, но ние навистина не се посомневавме дека некој од гостите би можел да биде инспектор, одговорила Тјитске и додала дека според дополнителните реконструкции и разговори излегува дека анонимните оценувачи свратиле два пати, најпрвин во мај или во јуни, а потоа во септември минатата година. Мишелин во повеќе наврати ги посетува рестораните на кои им доделува ѕвезда, а за втора или трета ѕвезда се задолжителни четири доаѓања во четири годишни времиња, а одлуките се носат со консензус на оценувачите и уредникот.

„Навистина не знаеме кога биле, но тоа и не ни е важно бидејќи за нас секој гостин е Мишелин инспектор и секого сакаме да го послужиме најдобро што можеме“, изјавиле сопствениците кои оваа година добиле уште едно големо признание. Водичот Gault Millau оваа година го прогласил Данијел Џекиќ за најдобар шеф во Хрватска. Инаку, сопствениците на Монте нагласуваат дека и досега работеле според стандардите на Мишелин затоа што следат како се работи во светот.

 

„Со години патуваме низ светот и редовно одиме да јадеме во рестораните кои не интересираат. Вообичаено ги посетуваме Лондон и Париз, Барцелона и Њујорк, а неодамна бевме и во Виена и Будимпешта, кадешто има многу интересни ресторани“, велат тие.

Тие секоја сезона го менуваат менито за да не им здодее на гостите.

Меѓутоа, формата на менито нема да се менува. И натаму ќе постојат две дегустациски менија – Essence и Tendence. Првото се состои од пет јадења кои максимално ќе го нагалсат есенцијалниот вкус на врвните локални состојки од кварнерските шкампи и јадранската туна до морските ежови. Другото мени ќе нуди седум јадења, А данијел Џекиќ кој секогаш тежнее кон најсовремените готвачки техники и внимава на визуелната атрактивност, ќе понуди во него уште поамбициозни јадења.

Rovinj, 150513. Restoran Monte. Foto: privatna arhiva restorana Monte

Сопствениците се свесни дека по добивањето на првата Мишелин ѕвезда гостите ќе гледаат поинаку и ќе го покачат прагот на очекувањата.

Тјитске е по вокација сомелиерка и покрај другото, во Монтео е задолжена за винскиот подрум, што е многу важен сегмент при оценувањето на инспекторите на Мишелин кои особено внимателно ги читаат винските карти.

Таа во винската карта која во водичот на Мишелин е оценета како „интересна“, се огтраничила на вина произведени во круг од 500 км околу Ровињ. Тука се пред се истарските вина, но и вина од другите хрватски региони, од Далмација се до Дунав, вина од северна Италија, Словенија и Австрија. Исклучок се единствено шампањците затоа што, според Тјитске, за нив е логично дека мора да бидат од Франција.

Во рестораните со Мишелин ѕвезди во светот, цените не се ниски. На пример, во Лион, во ресторан со Мишелин ѕвезда вечера од три јадења, без вино, чини помеѓу 150 и 200 евра по човек. Меѓутоа, Мишелин ѕвездата ја крева посетеноста на рестораните и до 50 отсто, а познато е дека таа не е лесно да се добие, но е еднакво тешко и да се задржи. Во светот во моментов има околу 2 илјади елитни ресторани со една Мишелин ѕвезда, четиристотини ресторани со две и нешто помалку од стотина ресторани со три Мишелин ѕвезди.