Необични сукала за колачи со „принт“

Идејата за овие сукала ја добила брачна двојка која сакала за својата ќерка да направи посебна торта со нејзиното име и со срциња и за таа цел го направиле своето прво дрвено сукало, а потоа почнале бизнис.

0
270

Родното место на ShaZup е американскиот Њу Џерси и овој бренд моментално нуди 5 сукала со различни шари.

Тука се оние со мачки, потоа оние за љубителите на Војна на ѕвездите, со божикни мотиви и со еднорози. Изработени се од дрво, а цените се движат од 20 до 30 евра.

Идејата за овие сукала ја добила брачна двојка која сакала за својата ќерка да направи посебна торта со нејзиното име и со срциња и за таа цел го направиле своето прво дрвено сукало, а потоа почнале бизнис.

Денеска ги доставуваат своите производи во дел од светот, а што сѐ нудат, погледнете тука.