Неодоливо сочна чоколадна торта

0
763

Состојки:

100 г брашно

1 лажица џем од кајсии или сливи

2 лажички прашак за пециво

Пола лажичка сол

175 г растопен путер

3 јајца

2 лажици какао

200 г шеќер

100 г темно чоколадо + 50 г путер за преливот

4 – 5 лажици џем за премачкување

1 ванилин шеќер

Приготвување:

  1. Растопениот путер измешајте го со шеќерот и ванилиниот шеќер.
  2. Во друг сад измешајте ги брашното и какаото, додадете ги јајцата, путерот со шеќерот, прашакот за пециво, џемот, солта и се добро измешајте со миксер.
  3. Загрејте ја рерната на 150 степени.
  4. Во калапот подмачкан со путер или прекриен со хартија за печење, ставете ја смесата и печете околу 25 минути.
  5. Готовиот колач извадете го од рерна и оставете го 5 минути на собна температура па премачкајте го со џем.
  6. Растопете го чоколадото со путерот и прелејте го колачот.