Неверојатно добра и миризлива супа од домати

0
393

Состојки:

2 конзерви од 800 г лупени домати или ако имате, свежи

6 чешниња лук

8 гранчиња мајчина душица

2 лажици маслиново масло

Сол, бибер

1 кромид исечкан на ситни коцки

½ шолја пасирани домати

4 шолји вода или супа од коцка

 

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 200 степени
  2. Извадете ги доматите од конзерва (сокот оставете го), пресечете ги на пола и наредете ги на хартија за печење. Наредете ги лукот и мајчината душица врз доматите и се посолете и забиберете и ставете маслиново масло
  3. Печете околу 30 – 35 минути додека убаво да се зарумени и карамелизира
  4. Загрејте лажица маслиново масло и пропржете го кромидот додека не омекне (околу 5 минути), додадете пасиран домат и мешајте уште две минути, додека не почне лесно да врие.
  5. Извадете ги од рерна печените домати и лукот (тргнете ги гранчињата мајчина душица) и ставете ги во тенџере со кромидот и пасираниот домат, додате го сокот од домати што остана во конзервата, супата и се добро измешајте и оставете да с евари на тивок оган околу 20 минути.
  6. Кога е се сварено, здробете ги состојките со гмечалка за компир-пире или почекајте малку да се олади па ставете се во блендерот и направете пире.