Нов вид на јога – Beer јога (ВИДЕО)  

0
258

Beer јогата оригинално настанало во Берлин, а овие денови станала вистински хит и во Австралија. По појавата на овој хит, едно е сигурно вежбањето не било никогаш подобро.

Овој вид на јога функционира на принципот на вежбање додека истовремено пиете пиво кое стои покрај вашата простирка за вежбање.

Џула, креаторот на овој вид на вежбање рекол дека таквиот начин на релаксација е забавен, но дека дефинитивно не станува збор за шега.
„Филозофијата на јогата ја споивме со уживањето во пивото за да се досегне ново, уште повисоко ниво на свеста“, рекол тој.

Целата идеја е толку добро прифатена што минатиот викенд во Сиднеј е одржана Beer Yoga сесија, настан на кој студентите се учат како да уживаат во пивото правејќи ги истовремено класичните јога движења. За да се приклучите на ваков настан не е потребно никакво претходно знаење за јогата, само треба да имате отворен ум и љубов кон пивото.
Одлична идеја да се натерате да вежбате, нели?