Новогодишни колачиња со ѓумбир

2
834

Состојки:

3 шолји брашно

¾ шолја кафеав шеќер

1 лажица цимет во прав

1 лажица ѓумбир во прав

½ лажичка мелени каранфилчиња

Малку сол

¾ лажичка прашак за пециво

150 г путер исечен на коцки

¾ шолја мед

2 лажици млеко

Приготвување:

  1. Измешајте го брашното со сите зачини и суви состојки, а потоа додадете ги коцките путер и замесете додека не добиете ситни трошки без големи грутчиња путер а потоа полека додавајте ги медот и млекото и замесете тесто.
  2. Поделете го тестото на две еднакви топчиња и секоја расукајте ја помеѓу две парчиња мрсна хартија за печење и така расукани ставете ги на 15-20 минути во замрзнувач или два часа во фрижидер.
  3. Вклучете ја рерната на 160 степени. Во тепсија наредете ги формите што ќе ги направите со помош на калапи и печете ги околу 10 минути.
  4. Декорирајте ги по желба со шлаг.

2 КОМЕНТАРИ

    • Ако сакате да бидат покрцкави, направете го тестото потенко, ако пак сакате да бидат помеки, тогаш тестото треба да е подебело. Ние ги правиме онака како што изгледаат на фотографијата. Нема да нараснат многу па можете да се раководите по дебелината на колачите од фотографијата

Comments are closed.