Новогодишни медењаци

0
936

Состојки:

За тесто:

450 г меко брашно и сол на врв од ножот

2 рамни лажици сода бикарбона

3 рамни лажици ѓумбир

1 лажиче цимет

250 г маргарин

200 г кафен шеќер

2 јајца

За декорација:

200 г шеќер во прав

1 белка

1 лимон

Приготвување:

1. Во подлабок сад се става маргаринот, кафеавиот шеќер и јајцата, па се матат со миксер.
2. Во изматената маса се додаваат брашното, сол, ѓумбир, цимет и сода.
3. Се замесува тесто и се расвлекува на кора со дебелина од 1,5 цм.
4. Со модли за колачи се вадат саканите облици. Тепсијата се обложува со хартија за печење па се редат медењаците и се печат на 150 ˚Ц околу 10 минути.
5. Додека медењаците се печат, се приготвува смесата за декорација. Белките добро се матат, па постепено се додава шеќер во прав и сок од лимон за да се добие изедначена смеса.
6. Смесата се става во вреќичка за филување и се декорираат медењаците.

Напомена: по желба можете да ги украсите и со шарени трошки или бонбончиња.