Оброк кој ги чисти цревата и го поттикнува слабеењето

Оваа салата полна со витамини и минерали е сиовршена за детоксикација на организмот, а нејзините состојки се превенција за многу заболувања.

0
584

Овој лесен оброк ги чисти мастите во цревата и на тој начин ја намалува тежината, а исто така ја регулира и киселината во желудникот.

Состојки:

зелка

репа

морков

сок од лимон

маслиново масло

Приготвување:

Изрендајте ги зелката, репата и морковот во размер 3:1:1. Додатете зачински билки по ваш вкус (магдонос, целер, копар…). Измешајте го зеленчукот за да се ослободи сокот, а потоа додадете сок од лимон и на крајот, маслиново масло. Не ставајте сол. Велат дека резултатите ќе ве воодушеват доколку ја јадете оваа салата за вечера три дена по ред.

Ова се здравствените предности на зелката:

1. Превенција на малигни заболувања

Зелката содржи гликозид синигрин, за кој во различни истражувања се покажало дека помага кај карцином на простата, дебело црево и рак на бешиката. За да добиете што повеќе здрави материи од зелката, јадете го сиров или малку сварен.

2. Ниво на холестерол

Зелката е одличен извор на влакна кои се поврзани со пониското ниво на холестерол. Кога консумирате зелка, таа „работи“ со жолчните киселини во процесот на варење во елиминирањето на холестеролот од крвта.

3. Ослободување од слободните радикали

Антиоксидансите во зелката ќе ви помогнат да се ослободите од слободните радикали во телото. Слободните радикали можат да предизвикаат сериозни здравствени проблеми како што се болестите на срцето, такашто консумирањето на зелка богата со антиоксиданси го намалува ризикот од тие појави.

Исто така, зелката содржи и некои антивоспалителни својства. Консумирањето зелка на редовна база може да го намали воспалението во телото па помага за намалување на хронични воспалителни болести како артритис и срцеви заболувања.

4. Здраво варење

Влакната во зелката се одлични за варењето, а постојат и многу други хранливи материи во зелката кои го поддржуваат здравјето на желудникот и цревата. Исто така, зелката помага во одржување на здравото ниво на бактериите во цревата намалувајќи го растот на лошите бактерии и поттикнувајќи го растот на добрите бактерии.

5. Имунолошки систем

Многу луѓе се чудат кога ќе слушнат дека зелката има повеќе витамин Ц од многу агруми. Кога ќе внесете во организмот доволна количина витамин Ц, јакне имунитетот и телото поделотворно се бори против болести и инфекции. Исто така, се забрзува опоравувањето на оштетеното ткиво и раните.

6. Здравје на нервниот систем

Зелката содржи јод, а доволното внесување на јод во организмот е поврзано со здрава работа на нервниот систем и мозокот. Едно истражување покажало дека црвената зелка го намалува таложењето на плак во мозокот кој доведува до Алцхајмерова болест.

Фото: Pixabey