Од сѐ по нешто

Како велеа нашите баби: ставив малку од ова, малку од она, од сѐ што најдов дома и еве го ручекот. А овој е вистинска бомба!

0
350

За да направите ваква салата, прво треба да сте многу гладни, а второ, треба да сте гурмани, шшто би се рекло, мераклии за јадење.

Значи, кога некој ќе каже, денеска за ручек, поминавме само со салата…тоа најчесто подразбира дека оброкот бил лесен и брз.

Епа, и овој ручек е салата, ама не е лесна, туку вистинска ручек – салата!

Состојки:

сварен шарен грав (со ловоров лист)

варени јајца

варени моркови

сардини

млад кромид

кисели краставички

калинка

сок од лимон

сол, црн пипер

по желба, малку мајонез

Приготвување:

Измешајте ги сите состојки, зачинете, додадете по желба и свежо исцеден сок од калинка и неколку зрна и уживајте во оввој оброк полн со протеини и витамини