Од семки од авокадо до биопластика (ВИДЕО)

Како ги менувате вашите навики кога станува збор за потрошувачката на пластика?

0
158

Светот влегува во нова ера во односот со пластиката. Она што некогаш беше чудесен производ стана непријател број еден.

Сега, светот презема заедничка акција за да се смени тој тренд. Повеќе од 50 нации – од островите Галапагос до Индија и од Руанда до Кина – преземаат мерки за намалување на загадувањето од пластика.

Од маски за мобилни телефони, преку пластични чинии, чевли, пелени, па до кеси за пазарење и садови за цвеќе – речиси и не постои предмет во домаќинствата за кој нема обиди да се најде еколошки поприфатлива верзија.

За да ја добијат битката со отпадот од пластика мексиканските компании го користат отпадот од преработката на храна за да направат биопластика. Семките од авокадо се претвораат во сламки и прибор за јадење. Шеќерната трска и пченкарниот скроб стануваат торби и кутии. Други експериментираат со кактуси, школки, па дури и со човечки отпадоци.

Светот прави 1 милион тони традиционална пластика секој ден. Toa ќе се удвои во следните 20 години. Половина од сета произведена пластика станува ѓубре во рок од една година. Toa ги труе нашите океани, мориња, езери, реки, синџирите на храна и водоснабдувањето. И потребни се 400 години за да се распaдне, додека биопластиката се распаѓа за месец. Биопластиката може да биде скапо да се направи, и сѐ уште е само 5 отсто од целата произведена пластика.

Како вие ги менувате вашите навики кога станува збор за потрошувачката на пластика?

Mexico is turning avocados into bioplastic

From stones to straws. Learn more about plastic waste innovation: https://wef.ch/2JC1fEx

Posted by World Economic Forum on Петок, 07 декември 2018

Фото: Pixabey