Одгледајте ѓумбир во домашни услови

Ако ги знаете сите лековити својства на ѓумбирот и го користите во готвењето, но и како лек за имунитет, сигурно посакувате секогаш да имате на располагање свежи коренчиња

0
732

 

Периодот на вегетација на оваа билка трае 8-10 месеци, а коренот на ѓумбирот се сади од февруари до март, што значи, имате доволно време за да се подготвите.

Пред садењето, коренот треба да се разбуди. Ставете го во слаб раствор од вода и хиперманган и оставете го внатре неколку часа. Потоа ставете го во најлонска кеса, додека коренот не почне да р’ти, како компир:

Ako ne zamišljate svoj život bez đumbira, pokušajte ga gajiti na svom prozoru.Tako ćete uštediti puno novca i uvek ćete imati sveže korene.

Потоа поделете го коренот на неколку делови, секој мора да има барем еден добро развиен никулец. Засадете ги тие делови во плитки, но широки саксии наполнети со земја, хумус и песок во однос 1:1:1/2.

Првите никулци треба да се појават за 1-2 месеци, а при добри услови можат да достигнат висина и до 1 метар.

Извадете го коренот, исчистете го од земја и чувајте го на суво место. Еден дел од извадените корени можете да го користите за храна или за лечење, а другиот дел зачувајте го до следната сезона и засадете го на ист начин,

Свежиот корен од ѓумбир чувајте го на долната полица од својот фрижидер околу 1 месец, а исушен (во прав) околу 4 месеци.