Одличен рецепт за зимска салата

Свежата репа, цвекло и морков ќе ве ослободат од несаканите маснотии, а притоа ќе ви го регулираат варењето и ќе ви дадат енергија и железо

0
310

Ако се чувствувате презаситени од храна и од празнични ручеци, време е за полесна и поздрава храна, а нема ништо подобро од вкусна зимска салата направена од здрави намирници преполни со нутренти кои му се потребни на нашето тело.

Свежа репа (нашата салата е со црна репа), цвеклото и морковот ќе ве ослободат од несаканите маснотии, а притоа ќе ви го регулираат варењето и ќе ви дадат енергија.

Ние додадовме и пола рендано јаболко, маслиново масло и сок лимон. Зачинивме со сол и црн пипер и ја изедовме цела.