Ориз на баунти начин

Совршен појадок, ужинка или вечера која им годи и на децата и на веганите, доколку го замените обичното млеко со кокосово млеко.

0
270

Состојки:

100 г ориз

Околу 2 шолја млеко или кокосово млеко

2 шолји вода

Околу 50 г рендан кокос

Чоколадо

2 лажици кокосово масло

Ванилин шеќер

По желба, малку шеќер или некоја замена за шеќер.

Приготвување:

Измијте го оризот и ставете го во едно тенџере па прелијте го со 2 шолји вода и варете, а кога ќе ја упие водата (не цела), додадете го млекото и продолжете да варите.

Додадете кокосово масло, ванилин шеќер, засладувач по желба и варете уште малку. По потреба додавајте уште млеко, а пред крајот додадете го кокосот и сварете го оризот до крај.

За послужување ставете во сад од оризот и додадете неколку парчиња чоколадо и повторно додадете уште некој слој од оризот. Чоколадото убаво ќе се растопи и ќе биде вкусно „изненадување“ кога ќе го пробате.