Основен рецепт за вафли

Вафлите може да бидат во различни облици и со различни додатоци, но ова е основната смеса за да ги направите највкусните вафли, а потоа самите смислете со што ќе ги комбинирате.

0
7234

Состојки:

4 јајца
3 лажици шеќер
3 лажици зејтин
4 лажици млеко
2 лажички ванилин шеќер
2 лажички прашак за пециво
10 лажици брашно

Приготвување:

1. Помешајте ги состојките.
2. Ако е смесата премногу ретка или премногу густа, додадете малку повеќе брашно, односно, млеко.
3. Печете ги една по една во вашиот тостер и комбинирајте ги според желбата, со солени или со благи додатоци.