Освен што е здрав и лековит, лукот помага за слабеење и детоксикација

0
636

Сите знаеме колку е здрав лукот, како и тоа дека треба да биде дел од секојдневната исхрана. Богат е со витамините Б6 и Ц, манган и калциум, а игра клучна улога и во контролирањето на телесната тежина.

Истражувањето објавено во списанието „Journal of Nutrition“ се наведува дека е лукот тесно поврзан со согорувањето на мастите. Докажано е дека алицинот кој е присутен во лукот, го стимулира процесот на согорување на мастите. Експертите препорачуваат секојдневно јадење на лук бидејќи тоа претставува одличен начин за ефикасно слабеење. Лукот е природен диуретик, па го зголемува производството на урина во организмот, што на крајот доведува до губење на масти. Освен тоа, лукот ефикасно помага во согорувањето на мастите во делот на стомакот со зголемување на потрошувачката на енергија.

Посебно е корисно консумирањето на сиров лук со вода во утринските часови. Можете да додадете во топла вода сок од лимон и лук, а потоа тоа веднаш да го испиете. Оваа комбинација резултира со губење на телесна тежина.

Исто така лукот дава енергија и го согорува вишокот калории, а покрај тоа ги подобрува имунитетот и метаболизмот.

Истражувањата покажале дека лукот го одржува нивото на холестеролот во крвта. Докажано е дека консумацијата на лукот директно влијае на крвните садови и холестеролот и го зголемува нивото на тестостерон, а тоа резултира со дополнителна енергија. Одличен е за детоксикација зашто ги отстранува сите токсини и го подобрува варењето, но не треба да се јаде во премногу големи количини. Секако, негативна страна е мирисот на лукот, но и тој проблем може да се реши такашто ќе го голтнете наместо да го џвакате. На тој начин ќе го избегнете лошиот здив.

Фото:Pixabey