Освежителен колач со манго и лимета

0
216

Состојки:

10 грахам крекери

2 лажици кафеав шеќер

5 лажици растопен путер

3 шолјички исечкано манго

3 лажици сок од лимета

1 литар кондензирано млеко

4 жолчки

1/4 лажичка сол

Приготвување:

  1. Загрејте ја рерната на 180°C. Во блендер измешајте ги крекерите и шеќерот и постепено додадавајте го растопениот путер.
  2. Префрлете ја смесата во садот за печење и израмнете ја со дланка. Печете околу 10-12 минути.
  3. Извадете ја и оставете ја да се олади, а вие во меѓувреме во блендер измешајте го мангото и протиснете го низ цедалка со помош на лажица. Изматете го заедно со млекото, сокот од лимета, жолчките и солта. Ставете ја смесата врз кората и печете 25-30 минути.
  4. Извадете и оставете го колачот 1 час на собна температура, а потоа во фрижидер најмалку 2 часа.