Oтров или извор на витамини: Дали е здраво да се јадат пилешки џигерчиња?

Додека многумина кои како деца биле анемични сигурно се сеќаваат дека мајките како лек постојано им нуделе пилешки џигерчиња, современите нутриционисти препорачуваат избегнување на џигери во исхраната...Ова не тера да се запрашаме - дали и колку е здраво тие да се јадат?

0
1970

Оние кои како деца биле склони на анемија, добро се сеќаваат на пилешките џигерчиња. Веројатно мајка им им ги додавала во секое јадење за да им ја поправи крвната слика. Меѓутоа, не можеме да не се запрашаме дали се тие навистина здрави?

Современите нутриционисти препорачуваат избегнување на џигери во исхраната, затоа што тие имаат висока содржина на холестерол и масти. Едно пилешко џигерче содржи малку масти (2,86 грама, а од тоа, 0,9 грама заситени масти) и 248 мг холестерол.

Здравите лица трошат помалку од 300 мг холестерол дневно, што значи дека оние со пореметување на метаболизмот на мастите, кои мораат да обрнат внимание на внесувањето на холестеролот, можат да консумираат џигерчиња повремено и во помали количини.

Далеку поголема заблуда е дека во џигерите се задржани сите токсини од нашето тело кое црниот дроб ги пречистил, што е целосно неточно.

Црниот дроб е филтер на нашето тело и има улога на одбрана на организмот од многубројните токсични материи, меѓутоа, црниот дроб ги неутрализира отровните хемиски супстанции и по пат на детоксикација ги елиминира од телото, не задржувајќи ги притоа во себе.

Џигерот е ефтина, здрава и хранлива животна намирница и е вистински извор на витамини (B, A, D, E, K) и минерали (бакар, железо, цинк).

Од витамините најзастапен е витаминот Б. Едно пилешко џигерче содржи  7,41 микрограми витамин Б12, што е многу повеќе од 2,4 мг од овој витамин, колку што ни е потребно на дневно ниво.

Исто така, едно џигерче содржи 254 микрограми фолна киселина, а дневните потреби се околу 400 микрограми. Содржината на витаминот А е исто така висок и не би требало да се консумира џигер секој ден во големи количини, затоа што земањето на големи количини витамин А може да ја инхибира способноста на телото да го апсорбира витаминот Д.

Едно пилешко џигерче содржи 5,12 милиграми железо. Препорачана дневна доза на железо за мажи изнесува 10 милиграми, додека за жени е двојно поголема, 18 до 22 милиграми.

На крајот, можеме да заклучиме дека консумирањето пилешки џигери не само што не е штетно, туку може да биде и многу корисно, секако, ако водиме сметка за своето здравје и внесуваме толку хранливи материи колку што ни е препорачано.

Фото: Pixabay