Отровно: 4 намирници кои не смеат во микробранова печка

Некои ја сакаат, а некои не. Добрата стара микробранова печка. Добра е од практични причини, но имајте предвид дека има намирници кои во никој случај не смеат да се греат во неа.

0
1302

Ништо не е поедноставно и попрактино отколку да го загреете јадењето од претходниот ден во микробранова. Меѓутоа, некои намирници едноставно не смеат да се загреваат во неа. Ако не сме ги подготвиле добро, можно е на нив да се создале опасни бактерии кои можат да предизвикаат труење – осен ако не ги убиеме со висока температура.

За жал, тоа е невозможно во микробранова печка. Затоа, никогаш не ги загревајте во неа овие четири намирници:

Компир
Ако варените компири сте ги оставиле на собна температура, лесно можат да се развијат бактерии clostridium botulinum. Во микробранова печка не можат да се уништат, а можат да предизвикаат труење со храна.

Сирово пилешко
Пилешкото мора да го јадеме термички добро обработено (варено, печено или пржено) за да бидеме сигурни дека се уништени сите бактерии кои се наоѓаат во него. Во микробранова печка ова не е возможно.

Пржени јадења
Помфрит или печен зеленчук, исто така не смеат во микробранова печка. Масото може да се „запали“ и можат да настанат гасови штетни за здравјето.

Ориз
Генерално, оризот после јадење мора веднаш да се стави фрижидер, затоа што на собна температура бргу можат да се развијат отровни бактерии – кои не можат да се уништат во микробранова печка.