Отворате тегла ајвар, ја отстранувате мувлата и го јадете остатокот?

Дали ви се случило некогаш да отворите тегла со домашен мармалад или ајвар за кој толку сте се измачиле правејќи го и сте виделе дека мувлосале на површината? Што правите обично? Ја отстранувате мувлата и го јадете остатокот од содржината? Дали е ова опасно?

0
1660

Намирниците кои имаат поголема содржина вода, како на пример, сварените тестенини или мекото овошје, не се безбедни за јадење откако на нив ќе се појави мувла затоа што таквата структура на оваа храна може да биде контаминирана и на површината кадешто мувлата не се гледа. Од друга страна, некои намирници се безбедни за јадење откако ќе го отстраните мувлосаниот дел.

Еве која храна можете да ја јадете:

Салама и суво месо

Судејќи според американскиот оддел за агрикултура, нормално е на намирницте какви што се саламите или чаденото месо кои се чуваат на собна температура, да се појави мувла. Во овие случаи, безбедно е да ја отстраните мувлата, а остатокот да го изедете.

Тврд кашкавал

Кога на тврдиот кашкавал, каков што е на пример, пармезанот, таа останува само на површината, а не продира подлабоко внатре па затоа е во ред да ја отстраните мувлата и мал дел околу и остатокот да го јадете. Кога ќе ја отстраните мувлата, остатокот од кашкавалот завиткајте го во проѕирна фолија и чувајте го во фрижидер.

Сирење кое содржи мувла

Одредени видови сирење чија состојка е мувлата, како на пример горгонзолата, се сосема безбедни за јадење.

Цврсто овошје и зеленчук

Додека не се препорачува консумирање меко овошје и зеленчук на кои се појавила мувла, цврстите видови како што се морковите, пиперките или зелката, се безбедни откако ќе ја отстраните мувлата.

Ако станува збор за цврста намирница со мала содржина на вода, како тиквата, безбедно е да го отстраните мувлосаниот дел и малку одоколу“, велат од организацијата Love Food Hate Waste.

Мувлата на цврстото овошје и зеленчук се појавуваат само на површината, а не продираат внатре и затоа овие намирници се безбедни.

Секако, не се препорачува да јадете било какво овошје и зеленчук кое е видно скапано или мувлосано, заради токсините кои можат да продрат длабоко во внатрешноста.

Сепак, овошјето и зеленчукот кои се малку презреани, на пример, јаболката на кои лушпата им е збрчкана, бананите кои се потемнети, можете да ги користите за варење и за правење смути, напитоци, колачи и слично“, велат од организацијата.

Намирници кои не би требало да ги јадете

Подготвено месо

Намирниците кои имаат поголема содржина на вода, како остатоци од сварено/испржено/испечено месо, можат да бидат многу опасни ако се појави на нив мувла. Имено, намирниците кои содржат доста вода можат да бидат контаминирани и под површината.

Мувлосаните намирници во овој случај, покрај мувла, можат во себе да имаат и бактерии“, велат од американскиот оддел за агрокултура.

Сварени тестенини

Истото правило важи и за сварената паста, заради големата содржина на вода.

Меко сирење или кашкавал

Додека тврдите видови се безбедни за јадење по отстранувањето на мувлата, ова не важи за меките. Кога на нив ќе се појави мувла која не е дел од процесот на правење на сирењето, не би требало да ја јадете оваа намирница.

Мармалад

Иако тоа го прават многумина, ќе ја отворат теглата мармалад (ајвар или нешто друго), ќе ја отстранат мувлата и ќе продолжат да јадат, тоа баш и не е безбедно.

Мувлата произведува микотоксин, токсична супстанција која ја произведуваат габичките, а која може да биде многу опасна.

Микробиолозите не советуваат да ја јадете оваа намирница по отстранувањето на мувлата“, велат од американскиот Демартмен.

Јогурт

Секако, не е препорачливо да го пиете јогуртот во кој почнала да се создава мувла.

Меко овошје и зеленчук

Никако не би требало да ги јадете меките плодови како што се на пример, доматите, праските и краставицата, затоа што поради високата содржина на вода, не се безбедни.

Леб

И тоа го прават многумина, го острануваат делчето со мувла и го јадат остатокот. Но ова не е безбедно затоа што поради текстурата на лебот, мувлата може да продре под површината.

Ореви

Оревите се многу здрави, но внимавајте да нема на нив мувла. Постои голем ризик од појава на мувла на овие намирници, затоа што немаат никакви вештачки конзерванси. Ако забележите на оревите мувла, не ги јадете.

Инаку, посолените или печените ореви и семките имаат помалку шанси да мувлосаат, во споредба со сировите.

Фото: Pixabey