ОУ „Гоце Делчев“ објави книга со рецепти „Вкусно, повкусно, највкусно“

Целта на проектот беше кај учениците да се поттикне грижата околу за сопственото здравје, како и здравата исхрана.

0
1745

Книга со рецепти насловена „Вкусно, повкусно, највкусно“ произлезе од проектот „Македонија земја на сонцето, овошјето, зеленчуот и лековитите билки“ што се спроведе во ООУ „Гоце Делчев“ во Скопје, во учебната 2015/2016 година под раководство на одговорниот координатор, наставничката Ирина Петковска Крстева.

Целта на проектот беше кај учениците да се поттикне грижата околу за сопственото здравје, како и здравата исхрана.

книга1

– Учениците стекнаа знаење за овошје и зеленчук што виреат во Македонија и за нивната нутритивна вредност со цел нивно консумирање како превенција од болести. Во рамките на овие активности родителите, бабите, пријателите на училиштето – наведува директорката Наде Молеровиќ во предговорот на книгата.

Како стручен соработник во проектот беше ангажиран фитотерапевтот Драган Јованов, дизајнот го изработи Зоран Кардула.