Ова е храната – убиец!

Големо истражување спроведено од Националниот институт за здрав живот на Велика Британија, ги утврдило прехранбените производи – „убијци“.

0
1320

Со истражувањето на Националниот институт за здрав живот на Велика Британија, кое траело 23 години и во кое биле вклучени 3800 мажи и 1575 жени на средна возраст од 51 година, биле утврдени прехранбените производи – „убијци“.

Биле анализирани штетите од нивниот начин на живот и исхрана. Резултатите покажале дека луѓето кои се хранат со преработено и црвено месо, пржено, слатко, бел леб и многу мрсна храна се изложени на два пати поголем ризик од предвремена смрт.

Приврзаниците на исхрана со пржена и слатка храна, преработено и црвено месо, рафинирани зрнести производи, полномасни млечни производи имале многу помали шанси за „идеално стареење“.