Овесни палачинки

Изгледаат исто како и обичните, но вкусот е поинаков и секако, не ве гризе совест - јадете здрави палачинки...макар што, постојано се раѓаат нови дилеми околу тоа колку се здрави или нездрави одредени состојки

0
942

Ако сакате палачинки, ама ве измачува тоа што баш и не е многу здраво да се јадат, еве ви ја оваа здрава варијанта-палачинки со брашно од овес.

Направете го дома во блендер, такашто ќе ги смелете вашите овесни снегулки.

Многумина препорачуваат овесното брашно да се просее за да нема грутчиња од овесните снегулки, но верувајте, убави се и со грутчиња.

Состојки:

3 јајца

300 г овесно брашно

450 мл оризово, бадемово или обично млеко (ние ги направивме со оризово млеко и дополнително во тестото додававме кисела вода)

прстофат сол

кокосово масло (по малку, за пржење)

Приготвување:

Се матат со рачна мешалка јајцата, се додава пола од млекото, малку сол, брашно и се меша сѐ заедно па полека се додава цело млеко.

Загрејте го тавчето за палачинки и ставајте по малку кокосово масло (може и обично сончогледово или некое друго, по ваш избор) помеѓу секоја палачинка затоа што во тестото нема масло.

Јадете ги и во солена и во блага варијанта, како сакате.