Овие пет работи никако не би требало да ги замрзнувате

Ако и вам ви се случило да замрзнете некогаш нешто во стаклена тегла, а потоа капакот ви останал во рака, додека дното заедно со сета содржина од теглата ви шлапнала на подот, тогаш не е лошо да го прочитате текстов.

0
343

Организацијата на замрзнувачот може да биде вистинска наука. Веруваме дека веќе сте добиле низа совети и предупредувања од семејството и пријателите, но некои клучни работи вреди да се повторат.

Следува листата на намирници кои навистина не би требало да ги ставате во својот замрзнувач.

Течност во стаклени тегли или во шишиња

Ако не сакате да собирате парчиња стакло по фиоките, избегнувајте да замрзнувате течности во стаклени садови. Обемот на некои течности при замрзнувањето може да се зголеми, како на пример водата, и да ја скрши вашата стаклена тегла.

Овошје

Понекогаш знаеме да замрзнеме овошје за подоцна да приготвиме смути, но факт е дека не си правиме услуга.

За квалитетно замрзнување на овошје, температурите би требало да бидат многу пониски, па се препорачува купување на замрзнато овошје.

Остатоци од пржена и похувана храна

Сѐ што ви било убаво и крцкаво, по замрзнувањето потполно ќе ја загуби текстурата. Ви предлагаме добро да процените колку похувани батаци ви требаат за ручекот, а останатите да ги замрзнете пред да ги испржите или испечете.

Млеко и млечни производи

Голема е шансата вашето млеко да се раздвои и да се згрутчи па не се препорачува чување во замрзнувач. Теоретски, можете да го замрзнете на период до три месеци.

Компири

Ако замрзнувате некое вариво или супа во која инаку би додале супа, најдобро е да го уфрлите дополнително – кога ќе го подгревате јадењето. Компирот во замрзнувач ќе стане грутчест и нема да биде вкусен кога ќе го подгреете јадењето, па не се исплати да си го расипете јадењето.

Организирајте го својот замрзнувач и никако не ги заборавајте шишињата со пиво или вино кои сте ги ставиле за да се разладат набрзина.

Фото: Pixabey