Со овие совети ќе ги одберете најубавите овошни плодови

Авокадото е зрело за јадење ако кога ќе го протресете се слуша внатре семката, ананасот не смее преинтензивно да мириса, а мангото треба да има темни дамки

0
249

Сигурно не сте единствените кои одбираат убави и навидум зрели плодови само за подоцна да откријат дека се всушност лоши, невкусни и ниту малку сочни.

Ако имате проблем кога одите на пазар да одберете квалитетно овошје, особено кога станува збор за она поегзотичното, еве неколку вредни совети.

Калинки

Кората треба да биде црвена до темно црвена, без темни дамки.

Зрелата калинка е секогаш потешка

Калинката не смее да биде мека. Тоа е знак дека калинката била замрзната

Петелката не би требало да биде зелена.

Ананас

Ананасот не смее преинтензивно да мириса затоа што тоа значи дека презреал.

Ако го стиснете плодот и остане трага, значи дека презреал. При одбирањето ананас внимавајте на воедначеноста на боите и темните дамки.

Листовите на совршено зрелиот ананас се зелени и лесно свиткани на краевите. Потполно зелените листови се знак на прерано набран ананас.

Манго

Мангото може да биде жолто, зелено или црвено. Совршен показател за зрелоста се темните дамки на кората: ако ги има, плодот е најдобар за консумација.

Тврдото манго не е зрело. Тоа би требало да е меко, но не премногу.

Ако на кората останува трага кога ќе ја притиснете, мангото е премногу зрело.

Зрелото манго има слаткаст мирис.

Дуња

Зрелата дуња е жолта без зелени дамки.

Ако е многу тврда, уште не е за јадење.

Силниот мирис е добар знак за зрелост.

Ако е кората оштетена, многу брзо ќе се расипе.

Зависно од сортата, дуњата може да биде тркалезна или со облик на круша.

Авокадо

Зрелото авокадо може да биде кафеавкасто или со светло зелена боја, зависно од сортата.

Ако е авокадото зрело, кога ќе го земете во рака и ќе го протресете, ќе се слуша семката внатре.

Ако ја притиснете кората и остане трага, авокадото е презреано.

Помело

Помелото може да биде жолто, зелено или портокалово. Нееднаквата боја значи дека при одгледувањето се користени пестициди.

Помелото би требало да е малку потврдо затоа што тоа значи дека е сочно.

Обликот може да варира од тркалезен до облик на круша.

Папаја

Зрелата папаја е жолта или портокалова.

Најдобрите плодови имаат еднаква боја, но обрнете внимание на мекоста: ако е бојата добра, а папајата тврда, се уште не е зрело.

Малите темни дамки нема да влијаат на вкусот, а големите се показатели на презреаност.