Овој напиток веднаш ќе ве ослободи од главоболката

Напиток од лимон и лаванда е она што ви треба кога имате упорна главоболка.

0
806

Маслото од лаванда одлично делува кај анксиозност, ја намалува депресијата, помага при несоница, главоболка, мамурлак и проблеми со синусите.

Содржи повеќе од 150 активни состојки и има противвоспалителни, антидепресивни, антисептички, антибактериски, антимикробни, аналгетички, детоксикациски и смирувачки својства.

Искористете ги неговите лековити својства и направете го овој вкусен и здрав напиток!

Состојки:

Сок од 4 лимони

1 капка масло од лаванда

1 лажиќка сушени цветови од лаванда

6 шолји топла вода

2 лажици мед

Приготвување:

  1. Во зовриени 4 шолји вода, ставете ги цветовите од лаванда.
  2. Кога малку ќе се олади, додадете мед, поклопете и оставете да стои 30 минути.
  3. Исцедете и додадете го сокот од лимони, остатокот од водата и масло од лаванда.
  4. Се добро измешајте и испијте го во текот на денот.