Овој викенд Coffee Fest во „Рамстор мол“

Фестивалот ќе трае три дена во периодот од 12 до 18 часот

0
268

Љубителите на доброто кафе благодарение на „Рамстор мол“ во периодот од 21 до 23 октомври ќе можат да уживаат дегустирајќи ги најдобрите македонски и странски вкусови на кафе на овогодинешниот Coffee Fest во организација на трговскиот центар.

Веќе од утре очекувајте на влезот на „Рамстор мол“ да ве пречека неверојатниот, еден и единствен мирис на свежо кафе кое ќе го подготвуваат најголемите производители и дистрибутери на кафе во земјата.

Според организаторот на фестивалот, кафето зазема значајно место во животот на верните посетители на „Рамстор мол“ и токму затоа целта на овој фестивал е промовирање и доближување до граѓаните различни видови и вкусови на кафиња од целиот свет.

Фестивалот ќе трае три дена во периодот од 12 до 18 часот, а целата програма покрај промовирањето на нови вкусови, дегустација и многу забавни кафе-муабети ќе биде збогатена со богата музичка програма и настапи во живо на повеќе бендови.

Организаторот ги кани сите вљубеници на кафето на едно сосема поинакво кафе доживување во „Рамстор мол“.