Палачинки со банана

0
559

Состојки:
4 лажици путер, стопен и изладен
1 голема банана
1 шолја млеко
¾ шолја сенаменско брашно
4 јајца
2 лажици лесен кафен шеќер
½ лажичка екстракт од ванила
½ лажичка цимет
¼ лажичка морско оревче
малку каранфилче

Фил
250 г крем сирење
1 ½ шолја грчки јогурт
1/3 шолја шеќер
½ лажичка екстракт од ванила

Прелив
½ шолја течна павлака
¼ шолја кафен шеќер
1 лажица путер
½ шолја ореви, сечкани, потпечени
½ лажичка екстракт од ванила
¼ лажичка морска сол

Приготвување:
1.Изблендирајте ја бананата, додадете го путерот и повторно блендирајте. Додадете ги останатите состојки и добро измешајте. Покријте го тестото и нека отстои 1 час во фрижидер.

2. Испржете ги палачинките.

3. За филот: Изматете го крем сирењето со јогуртот, а на крајот додадете ги шеќерот и ванилата.

4. Наредете една палачинка и врз неа ставете од филот и така наредете ги сите палачинки.

5. За преливот: Изматете го павлаката, шеќерот и путерот и ставете ги да зовријат. Намалете го огнот и нека се вари 10 минути. Додадете ги ванилата, солта и оревите. Прелијте врз палачинките. Служете веднаш.