Палачинки со лук и ореви

Вакви палачинки со лук се нешто што веројатно на алкуина и паѓа на памет, но рецептот е стар и се правел во некои делови од Македонија.

0
1420

Состојки:

500-600 г брашно

2 јајца

кисела вода

млеко

1 лажичка сол

зејтин

1-2 главици лук

ореви

вода

Приготвување:

Направете тесто за палачинки и испржете ги на вообичаениот начин.

Лукот излупете го и истолчете го заедно со 1 лажичка сол и 3-4 лажици зејтин и направете паста.

Во тенџере зовријте две чаши вода и додадете ја во пастата од лук. Измешајте и додека е уште жешка преливајте врз секој ред палачинки што е го наредите во тепсијата. Помеѓу секој ред поросувајте и сечкани ореви. Ако ви остане од смесата со лук истурете ја врз палачинките и завршете со сечкани оревчиња.

Послужете со кисело млеко, навечер. До сабајле, веројатно миризбата од лукот ќе изветрее.