Палачинки со тиква

Овие палачинки се нешто посебно...Меки, сочни и вкусни. Додадете сладолед од ванила, крцкави карамелизирани овесни снегулки и овој едноставен десерт станува врвен

0
548

Палачинките од тиква се одличен есенски десерт, а можете да ги послужите и во поедноставна варијанта, како на пример, со мед и со ореви или со домашен мармалад од сливи.

Состојки:

2 јајца
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
рендана кора од лимон
1/2 лажичка рум
1/2 лажичка цимет
200 г пире од тиква
350 мл млеко
100 г ржано брашно
1/2 прашак за пециво
Карамелизирани овесни снегулки:
4 лажици шеќер
6 лажици овесни снегулки

Приготвување:

Најпрвин подгответе го пирето од тиква. Парче тиква излупете, исечете го на коцки, па сварете ги во вода додека не омекнат.
Исцедете ги, оладете ги и измешајте ги во блендер.
Јајцата изматете ги со шеќерот, ванилиниот шеќер, румот, циметот и кората од лимон. Додадете ги млекото и пирето од тиква па се убави измешајте. На крајот додадете го и брашното и прашокот за пециво. Убаво измешајте з ада не останат грутчиња.
Пржете ги палачинките во тава со малку масло.

Карамелизираните овесни снегулки подгответе ги такашто ќе ставите шеќер во тенџере со подебело дно и ќе го загревате додека не добие боја на карамел, а потоа ставете ги овесните снегулки, помешајте ја смесата и истурете ја врз мрсна хартија за печење за да се олади. Кога ќе се олади искршете ги на помали парчиња.
Послужете ги палачинките со карамел прелив, карамелизирани овесни снегулки и сладолед од ванила.