Паметни кутии за чување храна ве предупредуваат кога таа ќе почне да се расипува

Колку пати ви се случило мислејќи дека веќе имате некој производ во фрижидерот, кога ќе ви притреба да заклучите дека се расипал. Но тоа повеќе не мора да ви се случува.

0
258

Она за што зборуваме е кампањата на Kickstarter која неодамна започна. Тоа ќе биде прв паметен систем за чување храна во светот.

Овие паметни кутии за складирање на храна ќе помогнат да се елиминира можноста да ја заборавите храната и таа да ви се расипе. За да ги направат работите уште полесни, паметните уреди ќе бидат поврзани со Алекса на Амазон. На тој начин можете да имате виртуелен асистент во кујната.

Само кажете ѝ на Алекса која храна е во контејнерот, на пример, спанаќ, и ќе започне соодветен тајмер за одбројување. Ќе добиете потсетник на вашиот паметен телефон, паметен звучник и SmartTag светло на вашиот сад.

Светлината оди од зелена преку жолта до црвена како што одминува времето додека вашата храна седи во фрижидерот. Кога е светлото жолто, ќе добиете известување со предлози за тоа како да ја искористите храната. Ако светлината стане црвена, време е да ја фрлите храната.

Засега ова функционира на овој начин, но има планови на крајот да биде компатибилно со сите паметни домашни звучници.

This Smart Tupperware Will Tell You When Your Food Has Turned

This smart tupperware sends you a message when your food is going bad

Posted by NowThis Food on среда, 30 мај 2018